Количка за бебиња Britax Travel System B-agile со седиште за во автомобил B-safe црвена

26.123,oo ден

 

Со кочници на сите тркала и лесен дизајн за секојдневно шетање. 

Количка дизајнирана за лесно маневрирање на секакви површини, дури и преку чакал и нерамни терени. Простор за целата Ваша бебешка опрема во екстра големата корпа за складирање. Преклопувањето со една рака го прави неверојатно лесно нејзиното користење и складирање. Освен тоа, оваа количка доаѓа со адаптери за компатибилност на автомобилското седиште за доенчиња/ транспортер B-safe. 

Конструиран во насока на безбедност и мобилност системот за патување со кој се одликува B-agile Ве одржува во постојано движење. Брзото преклопување со една рака ја затвора количката за неколку секунди, додека многуте џебови и екстра големата корпа овозможуваат простор за складирање на се што Ви е неопходно за Вашето малечко. 

Седиштето за доенчиња/ транспортер B-safe FlexFit  се одликува со цврста градба на армирана челична основа со максимална цврстина и зона за седење SafeCell. 

Спецификации :

► Брзо преклопување со една рака кое ја олеснува употребата и складирањето на количката

► Широка тенда со повеќе нивоа на собирање, како и прозорец со мрежа за вентилација кој по потреба може и да се затвора

► Ребрасти гуми од EVA пена со  можност за вртење на предните тркала 360º

► Прилагодлива висина на рачката

► Екстра голема корпа за складирање 

► Систем за подесување на аголот на седење/ лежење во количката во позиција која најмногу му одговара на Вашето дете

► Безбедносен систем со 5 точки на поврзување 

► Наменето за деца од: 0м+ до 13 кг седиште/транспортер; до 23 кг количка

► B-safe FlexFit е новата генерација на транспортери за бебиња од Britax со пространа површина за седење и ткаенина мазна на допир која спречува иритации на кожата на Вашето бебе

► Ременот и приспособувачот за глава во 6 позиции се движат заедно за да создадат совршено вклопување додека Вашето бебе расте, без никакво превиткување 

► SPS - систем за странична заштита што овозможува дополнителна безбедност

► Ергономски дизајн 

► Стабилноста на основата на автомобилското седиште е зајакната во целост со челична конструкција

► Патентирана SafeCell технологија со висока апсорпција на вибрации

► Безбедносен појас со 5 точки на поврзување 

► Меки и удобни перничиња на рамената на безбедносниот појас

► Ергономска перница која се отстранува му ја дава на Вашето бебе неопходната потпора на вратот и главата кога е под 11 кг

► Прилагодлива рачка удобна за носење во рака или подлактица

► Екстра голема тенда со SPF 50+ со повеќе нивоа на преклопување го штити Вашето малечко од сонце и дожд 

► Компатибилнот систем Click&Go Ви овозможува употреба на седиштето/транспортерот со било која количка Britax со само еден клик на адаптерите

 

 

 

 

 

 

 

 





MasterCard Visa
All rights reserved.
Copyright © 2024 ForKids.MK
Powered by: I.T.