Информации за испорака

Испораката се извршува преку доставна фирма партнер на Фортекст ДООЕЛ-Скопје. 

Испораката се врши на адресата дефинирана од страна на Купувачот при извршената нарачка исклучиво на територијата на Република Северна Мекдонија на лицето со својство Купувач (име и презиме) или на лице дефинирано како Превземач на нарачката од страна на Купувачот.

Испораката е бесплатна во сите градови на територијата на Република Северна Македонија, а доколку Купувачот назначил место за достава надвор од градско подрачје, во тој случај, испораката ќе биде до базата на доставната фирма партнер на Фортекст ДООЕЛ - Скопје  во најблискиот град. 

Доколку доставувачот - овластеното лице на партнерот за логистика на Фортекст ДООЕЛ- Скопје за овој вид испораки не успее да го најде Купувачот или наведеното лице за прием на нарачката на наведената адреса за испорака, ќе биде оставена писмена информација до испраќачот за направен обид за испорака и информации за контакт, каде што Купувачот е должен да се јави во рок од 2 работни дена, со цел повторно да се договори термин за испорака на адресата на Купувачот. 

Доколку испораката е до базата на партенерот за логистика на Фортекст ДООЕЛ - Скопје, овластено лице од фирмата за логистика ќе го исконтактира Купувачот при пристигање на нарачката во база. При тоа, Купувачот е должен во рок од  2 (два) работни дена да ја подигне пратката. 

Доколку Купувачот на се јави во продолжениот рок од 2  (два) дена кај достава до адреса, или во рокот од 2 (два) дена предвиден за подигање од базата на фирмата партнер за логистика на Фортекст ДООЕЛ - Скопје, Фортекст ДООЕЛ - Скопје  има потполно право да го задржи производот и/или услугата, а парите не ги враќаме назад. 

 



MasterCard Visa
All rights reserved.
Copyright © 2024 ForKids.MK
Powered by: I.T.