За нас

Компанијата Фортекст ДООЕЛ – Скопје е основана во 2017 година како компанија чија основен сектор на занимање  е големопроджната дејност на производи потребни за секојдневното работење на секоја друга компанија (хартија, тонери, принтери, канцелариски материјали, производи за училишни потреби и сл.).

Во меѓувреме, сите овие години се развиваше и посебен сектор кој се занимава со водење на глемопродажбата на други компании – партнери на Фортекст во најразлични дејности, каде што се вметнуваа постојано нови модули на работа по најсовремените светски стандарди, а  го опфаќаат целиот процес на продажбата на еден производ од испитување на пазарот, па до малопродажбата до клиенти како последен и најзначаен дел од процесот.

Поттикнати од состојбата на пазарот во нашата земја, посебно внимание посветивме на проучување на потребите на  нашите најмали потрошувачи, на нивните потреби и желби, а притоа и на олеснување на остварувањето на тие желби од  родителите. И во тој момент го создадовме одделот FORKIDS – дел кој е задолжен за подобрување на пазарот каде што главни ѕвезди се најмалите потрошувачи.

Секторот FORKIDS во нашата компанија е задолжен за големопродажба и on-line продажба на производи наменети за бебиња и деца. Самата поставеност на секоторот опфаќа проучување и постојано надградување на пазарот наменет за бебиња и деца во нашата земја во компарација со светскиот пазар посветувајќи посебно внимание на квалитетот во сите фази на процесот од избор на производите, нивно тестирање во големопродажба и во малопродажба, маркетинг ,  па се до поставување на истите во малопродажбата.

Во целиот овој процес најголемо значење и најголема мотивација ни се големиот број насмевки од нашите најмили и најмалечки, како и довербата што ни е дадена од нивните најблиски за ние да ја имаме честа  да ја зголемиме безгрижноста и имагинацијата во најубавите  детски моменти.

 



MasterCard Visa
All rights reserved.
Copyright © 2024 ForKids.MK
Powered by: I.T.