Политика на приватност

Политика на приватност на веб страницата forkids.mk

Оваа Политика на приватност на страницата forkids.mk се однесува  на доверливоста на личните податоци и начините на кои што се собираат, одржуваат и откриваат податоците собрани при процесот на регистрација на посетителите на страницата forkids.mk, односно при регистрацијата на Корисник како примател кој се согласува да добива информации за производите и промоциите на интернет страницата forkids.mk.

Со користење на страницата forkids.mk, Вие се согласувате со одредбите на оваа Политика на приватност на личните податоци на страницата. Доколку не се согласувате Ве молиме да не ја користите страницата forkids.mk.

Посетата на страницата forkids.mk е анонимна. Лични идентификациски податоци од посетителите се собираат само во случај кога тие самите се согласуваат да ги достават истите тие податоци до нас со потполнување на формуларот за регистрација при купување од веб страницата forkids.mk.

Доколку се регистрирате за онлајн купување преку страницата forkids.mk, сите лични податоци кои ќе ги внесете преку формуларот за регистрација, ќе бидат искористени исклучиво за потребите за процесирање на Вашата нарачка. 

Оваа Политика на приватност се однесува само на корисниците на веб страницата forkids.mk. Доколку на страницата е содржан линк кој ќе Ве поврзе со други веб сајтови, ние не превземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие страници. 

Нашата веб страница ги превзема сите пропишани организациски и технички мерки за обезбедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага, заради спречување на неовластен пристап, евентуална злоупотреба и неовластено откривање на истите.

Трансакцијата при наплаќање на производот се пренасочува и се процесира преку E-commerce терминал на Стопанска Банка АД Скопје.

При вршење на регистрација, потполнувате формулар во кој ќе Ви бидат побарани следниве лични податоци:

► име и презиме

► Ваша e-mail адреса

► адреса за испорака на нарачката, односно адреса за достава на фактура по Ваше барање 

► телефон за контакт 

Податоците кои се собираат преку страницата forkids.mk, не се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна, освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи кои што важат на територијата на Република Северна Македонија.

Вашите лични податоци нема да бидат разменувани, изнајмувани, продавани или споделувани со други физички или правни лица, органи на државната власт или други тела, освен во случаи утврдени со законите кои важат на територијата на Република Северна Македонија. 

Веб страницата forkids.mk може да користи колачиња (cookies) со цел да се подобри корисничкото искуство. Cookies се мали датотеки кои се внесуваат во компјутерот на посетителот од страна на веб серверот. Сите информации кои се користат во рамките на "cookies" може да бидат искористени само за потебите на веб услугата и тоа на начин на кој Вашата приватност нема да биде загрозена. Секој посетител ја има можноста да избере и да го подеси својот пребарувач да ги одбие колачињата или да јави предупредување секогаш кога ќе бидат испратени колачиња. Доколку посетителот ја одбере таа можност, одредени делови од страницата може да не функционираат како што е предвидено. 

Доколку сте регистрирани на страницата forkids.mk, врз основа на Ваше писмено барање Вие имате право да бидете информирани кои лични податоци се обработуваат за Вас, кои се целите и правната основа за нивно собирање и обработка, да пристапите до Вашите лични податоци и да ги дополните, измените, избришете или да побарате запирање на нивната понатамошна обработка. 

Доколку сакате Вашите лични податоци да бидат корегирани или избришани, можете да не контактирате на следнава e-mail адреса 

forkidsmkmp@gmail.com

Страницата forkids.mk го задржува правото во секое време да ја дополни или измени оваа Политика на приватност, за што ќе биде поставено видливо известување на страницата. 

 

 

 

 

 



MasterCard Visa
All rights reserved.
Copyright © 2024 ForKids.MK
Powered by: I.T.