Услови на користење

Фортекст ДООЕЛ Ви овозможува користење на услуги на својата веб страна во склад со долунаведените УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ. Условите на користење се применуваат на сите содржини и услуги на веб страната forkids.mk. Се подразбира дека корисниците се запознаени со овие услови доколку го користат било кој дел од нашата веб страница, како и дека прифаќаат дека користењето на оваа веб страница е единствено за лична потреба и на сопствена одговорност. 

ПОДАТОЦИ ЗА ФИРМАТА

Фортекст ДООЕЛ 

Адреса: ул. Христо Татарчев бр. 47К, 1000 Скопје - Кисела Вода, Р. Северна Македонија 

тел. 078/349-644

email: forkidsmkmp@gmail.com

web: www.forkids.mk

Трансакциска сметка 200004127389762 Стопанска Банка АД Скопје 

ЕМБС: 7731482

ЕДБ: МК-4058017527900

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ 

Почитувани корисници,

Ве молиме пред користење на нашите услуги, внимателно да ги прочитате следните услови. Секоја посета на нашата страница, како и секое купување, значи дека сте ги прочитале овие услови и дека сте во целост согласни со истите. Доколку се тие за вас неприфатливи, Ве молиме да не ја користите оваа веб страница.

1. Општи одредби

Авторските права за сите содржини (текстуални, визуелни и аудиомтеријали, бази на податоци и програмерскиот код) се во сопственост на forkids.mk . Неовластено користење на било кој дел од порталот без дозвола на сопственикот на авторските права, се смета за повреда на авторските права и подлежи на тужба. 

forkids.mk се администрира од страна на Фортекст ДООЕЛ на територијата на Република Северна Македонија. Не гарантираме дека материјалите и услугите на оваа локација се соодветни или достапни за користење надвор од Република Северна Македонија. Пристапувањето од подрачје каде нивната содржина е незаконска е забрането. Пристапувањето на оваа локација навор од Република Северна Македонија го правите на сопствена иницијатива и Вие се сметате за одговорни за постоечките  локални закони. Не е дозволено користење или извоз, односно увоз, заради извоз на услуги или материјали на оваа локација, ниту било кој друг вид на прилагодување и/или копирање кое е во спротивност со важечките закони и прописи, вклучувајќи ги и законите за извоз на Република Северна Македонија. Овие услови се во склад со важечките  закони и прописи во Република Северна Македонија и се толкуваат во согласност со законите во Република Северна Македонија и нема да се применуваат начела за неусогласеност на законите. 

Правото на ревидирање на овие услови во било кое време преку ажурирање на овој текст го задржува forkids.mk. Наша препорака е повремено да ја посетувате оваа страница за да ги прегледате актуелните услови, затоа што за Вас, како корисник истите се обврзувачки. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на оваа локација. 

2. Материјали кои ги проследува корисникот 

Личните податоци кои ги проследувате до страницата forkids.mk со цел купување на производи ќе бидат третирани во согласност со одредбите поставени во нашата Политика на приватност на личните податоци. Забрането е праќање или пренесување до и од оваа локација, било какви незаконски, заканувачки, навредливи, клеветнички, порнографски или други материјали кои се во спротивност со било кој закон. 

forkids.mk на оваа локација не сака да добива од Вас доверливи или други информации со кои не може слободно да располага. Сите материјали, информации и други соопштенија кои ги пренесувате или праќате на оваа локација нема да се сметаат за доверливи и со кои нема да може слободно да се располага. forkids.mk нема никакви обврски кон овие соопштенија. Нашите вработени можат да ги копираат, откриваат, дистрибуираат, применуваат или на други начини да ги користат соопштенијата и сите податоци, слики, звуци, текст и сите материјали содржани во нив, за било какви комерцијални или некомерцијални цели. Секако, во оваа група не спаѓаат Вашите лични податоци. Нив, согласно со нашата Политика за приватност на личните информации, ги користиме само за интерна употреба, не ги откриваме, ниту ги проследуваме на трети лица, туку ги користиме единствено при процесот на обработка на Вашите нарачки.

3. Врски (линкови) до други локации

Врските (линковите) на ова локација кон локации на самостојни произведувачи се поставени единствено со цел да Ви ја олеснат работата. Доколку ги користите овие линкови, ја напуштате локацијата на forkids.mk. forkids.mk ги нема прегледано и не ги контролира сите овие локации на самостојни произведувачи и оттука нема никаква одговорност за било која од овие локации како и за нивната содржина. Со самото тоа, не поддржуваме и не даваме никакви изјави за нив, ниту за било кои информации, софтвер или други производи или материјали кои таму се наоѓаат, или за било кои резултати што може да се добијат при нивно користење.  Доколку сепак, одлучите да пристапите на некоја од веб локациите на самостојните произведувачи кои се поврзани со оваа локација, тоа го правите на сопствен ризик.

4. Кориснички блог

forkids.mk може, но и нема обрска да го надгледува и прегледува кој било дел од локацијата на кој корисниците пренесуваат или праќаат соопштенија или комуницираат меѓусебно, вклучувајќи, но не ограничувјќи се на корисничкиот форум, како и содржината на било кое соопштение од овој тип. Но, forkids.mk не се смета за одговорен за содржината на било кое од наведените соопштенија, без оглед дали призлегува или не од Законот за авторски права, клевети, навредливост, приватност и сл. forkids.mk го задржува правото да ги отстрани пораките кои содржат материјал кој сметаме дека е непристоен, навредлив, клеветнички или на некој начин, неприфатлив. Сите информации во врка со трансакцијата купувач- forkids.mk (како продавач), се смета за деловна тајна и треба да се третира во согласност со законските прописи во Република Северна Македонија.

КУПУВАЊЕ СО ДОВЕРБА 

Креирање на налог за е-купување 

За да Ви биде овозможено купување на веб страницата потребно е при потврдување на Вашата нарачка да го потполните формуларот за лични податоци кој ќе Ви се отвори при кликнување на копчето "НАРАЧАЈ" (Вашето име и презиме, адреса на живеење, град, телефонски број и e-mail адреса). 

Избор на производи 

На почетната страница со кликнување на копчето ПРОИЗВОДИ Ви се отвара паѓачко мени на кое се дадени сите категории на производи. Со кликнување на посакуваната категорија (пр. детски колички) Ви се отвара страница со сите производи содржани во оваа категорија со фотографија и цена за секој производ соодветно. За да разгледате детално избран производ кликнувате на копчето ВИДИ кое се наоѓа во десниот долен агол на секој производ. Ви се отвара страница на која се дадени фотографии и детални спецификации на избраниот производ. За да го купите прозводот потребно е да кликнете на копчето ДОДАЈ ВО КОРПА кое го има во горниот десен агол на отворената страна или во средишниот ден под спецификациите. Со кликнување на ова копче Ви се отвара содршната на Вашата корпа. 

Содржина на Вашата корпа 

Во секој момент е возможен преглед на сите производи кои сакате да ги купите. Со едноставен клик на иконата за корпата, во горниот десен агол на веб страницата, отварате страница на која се прикажани сите производи одбрани за купување. Многу лесно можете да избришете произзводи од кошничката, или cпротивно, да го зголемите нивниот број. 

Нарачување на производи од корпата 

Кога сте подготвени да извршите купување потребно е само на страницата каде што се наоѓа корпата да кликнете на полето НАРАЧАЈ за да го извршите плаќањето. По кликнувањето ќе Ви се отвори формулар за податоци за достава кој ќе треба да го потполните. На крај кликнувате на копчето ПЛАТИ кое Ве носи на веб страната на Стопанска Банка каде се извршува плаќањето. 

Достава 

Откако ќе добиете потврда за креирана нарачка, нарачката влегува во статус на обработка. Откако ќе биде обработена и потврдена, ќе биде испратена за достава. Рокот на испорка е максимум 3- 5 работни денови. За сите нарачки направени во петок или за време на викенд, неработен ден, ќе бидат обработени и процесирани во првиот следен работен ден. 

Курирот пратката ја доставува на адресата за достава  во период од 08-16 часот. Ве молиме во тоа време да обезбедите лице на соодветната адреса за преим на пратката. Доколку курирот не Ве пронајде на оставената адреса за испорака, вообичаена практика е да Ве побара на телефонскиот број кој сте го впишале при креирањето на нарачката со цел да договорите нов термин на достава. Доколку и во вториот обид за достава не Ве најде на договорената адреса, пратката ќе ни ја врати нам. По прием на пратката, ќе Ве контактираме за да ги утврдиме причините за неизвршување на доставата и ќе договориме повторна достава. 

Доколку се работи за достава до базата во даден град на фирмата парнер за логистика на Фортекст ДООЕЛ - Скопје во тој случај при пристигање на пратката во базата ќе бидете контактирани на телефонскиот број што сте го оставиле во Вашите податоци  од страна на овластено лице на фирмата партнер за логистика на Фортекст ДООЕЛ кое ќе Ви потврди дека пратката назначена за Вас е пристигната во базата и имате рок од два работни дена да ја подигнете Вие или лицето што сте го назначиле да ја превземе пратката во Ваше име од базата. Доколку пратката не ја подигнете во дадениот рок, истата ќе биде вратен до Фортекст ДООЕЛ каде што при приемот ќе Ве контактираме за да утврдиме поради што не е реаизирана доставата и да договориме нов термин за достава. 

РЕКЛАМАЦИИ

Фортекст ДООЕЛ - Скопје одговорно стои позади квалитетот и исправноста на производите што ги нуди. Во случај на рекламација на производ, потребно е да не контактирате/доставите  писмено барање до forkidsmkmp@gmail.com со назнака дека е за рекламација на производ во кое што накратко ќе ја опишете рекламацијата на производот. По ова ќе бидете контактирани од овластено лице на Фортекст ДООЕЛ за понатамошен тек на постапката за рекламација. За валидноста на рекламацијата на производот одлучува овластен сервисер на Фортекст ДООЕЛ - Скопје. 

ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА НА ПОДАТОЦИТЕ

За успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса на живеење, email адреса и телефонски број на нарачателот. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известуваме купувачите за моменталниот статус на нарачката. 

Обврзани сме да ја чуваме приватноста на сите наши купувачи. Ги собираме само неопходните податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно добрата деловна етика и со цел давање на квалитетна услуга. На купувачите им даваме можност за избор вклучувајќи можност за одлука дали сакаат да се одјават или не од маилинг листата. Сите податоци за купувачите/корисниците строго се чуваат и достапни се само на вработените на кои им се неопходни за извршување на редовните работни активности. Сите вработени во компанијата Фортекст ДООЕЛ се одговорни за почитување на условите и начелата за заштита на приватноста. 

Доколку сте регистрирани на нашата интернет страница или сте потполниле онлајн формулар да добивање производи и услуги од Фортекст ДООЕЛ, врз основа на писмено барање имате право:

-  Да бидете информирани кои лични податоци се обработуваат за Вас и кои се целите и правната основа за обработка на Вашите лични податоци 

- Да пристапите до Вашите лични податоци 

- Да ги допoлните, измените, избришете или да изберете запирање на нивната понатамошна обработка

Доколку сакате Вашите лични податоци да бидат корегирани или избришани или доколку имате било какви прашања или предлози од областа на заштитата на личните податоци, можете да не контактирате на следнава интернет адреса 

forkidsmkmp@gmail.com

---------------------------------------------------------------------

Одговорно лице за заштита на личните податоци 

Трпковски Дејан

телефонски број 078/349-644

email: d.trpkovski@yahoo.com

 



MasterCard Visa
All rights reserved.
Copyright © 2024 ForKids.MK
Powered by: I.T.