Количка за бебиња Марси 600 беж

6.370,oo ден

 

Запознајте ја нашата прекрасна количка Марси - совршен спој на безбедност, практичност у удобност. Наменета за бебиња од самото раѓање, па до 15кг. 

На почеток седиштето е удобна корпа за новороденче со меки перничиња и ергономски дизајн кои ја прават неверојатно удобна и безбедна. А можноста за ротација во два правци овозможува на Вас и на Вашето малечко нови и различни искуства со секое возење. Соодветната потпора на грбот и вратот на вашето бебе овозможуваат удобно и безбедно патување. Без разлика дали е во седечка или во легната позиција, Вашето малечко ќе биде заштитено и удобно сместено во тек на возењето. 

Освен удобност, Количката Марси 600 се одликува и со голема практичност со пространата корпа за складирање, додека силните ротирачки тркала Ви овозможуваат лесно возење и по нерамни терени. Механизмот за склопување ја прави лесна за складирање и пренос. 

Сигурноста на Вашето малечко е наш приоритет. Затоа посветивме посебно вимание на безбедносните појаси и на кочниците кои обезбедуваат максимална стабилност и спречуваат несакани движења. Во безбедносните функции спаѓаат и заштитата од надворешните влијанија како дожд и сонце со широката тенда која се отвара во повеќе нивоа, како и прекривката на самото седиште која по потреба се одстранува. 

 

Спецификaции:

► предни тркала од ЕВА пена 

► задни тркала од ЕВА пена со гума

► амортизери 

► кочници

► можност за ротирање на корпата во два правци

► можност за подесување наслонот за грбот на детето на повеќе нивоа

► петостепен сигурносен појас

► држач за чаша 

Дополнителна опрема и информации:

► наменета за едно дете почнувајќи од 0+м возраст 

► мрежа за количката 

► торба за мама

► корпа за складирање 





MasterCard Visa
All rights reserved.
Copyright © 2024 ForKids.MK
Powered by: I.T.