Трицикл за деца Playtime - модел 413 сива

5.350,oo ден

 

Ви го претставуваме Трициклот модел 413 на престижниот бренд Playtime, уште и популарно наречен и Sit&sleep трицикл поради удобноста која ја дава. Трициклот е популарен поради 3во1 системот кој го поседува и подразбира три важни функции: положба на ротација, положба на лежење и транспортна положба.

Поради наведените функции, овој модел е најчест избор на родителите, па затоа и спаѓа во категоријата best seller кога се работи за трициклите.

Можноста за подесување на потпирачот за грбот овозможува удобна, односно положба за одмор, ротирачкото седиште овозможува визуелен контакт со родителите, а тркалата кои се од висококвалитетна полна гума го прават максимално удобен дури и на нерамни површини. Може да се користи и за бебиња од 6+ масеци и за разлика од количките за бебиња максималното оптоварување му е дури за 3 пати повисоко.

Спецификации:

► Трициклот модел 413 е наменет за бебиња од 6+ месеци па до 6 години (40kg)

► Истиот е мултифункционален производ бидејќи: детето може да седи додека го возите, може да спие и да ужива во возењето со подесување на потпирачот за грб, седиѓтето може да се ротира во два правци и на крај, детето може да го користи и самостојно по одредена возраст како класичен трицикл

► Максимално препорачано оптоварување на производот е до 40kg

► Поседува 5 положби на потпирачот за грб (од позиција на седење до позиција на лежење)

► Тендата овозможува адекватна заштита од сонце и е со можност за степенување или целосно отстранување

► Поседува можност за транспортно склопување

► Седиштето на трициклот е удобно, изработено од дебел и мек сунѓераст материјал, со што се обезбедува максимален комфорт при возење и кога детето е будно и кога спие

► Трициклот има безбедносен појас со пет точки на поврзување

► Тркалата се изработени од висококвалитетна полна гума

► Рачката за туркање има можност да се подесува по висина, а и самиот држач на рачката може да се подеси по отклон

► Под рачката за туркање има торба за складирање

► Елементи кои може да се отстранат се: рачката за туркање, тендата, безбедносниот обрач, држачите за нозе

► Трициклот поседува педали за самостојно возење од страна на детето

► Димензии на производ: 85*65*102cm

► Тежина на производ 9,5 kg





MasterCard Visa
All rights reserved.
Copyright © 2024 ForKids.MK
Powered by: I.T.