Трицикл за деца Playtime Star II - модел 435 беж

4.250,oo ден

 

Трициклот 435 е најновиот трицикл на брендот Playtime кој со својот едноставен и префинет дизајн за кратко време го освои пазарот. Со седиштето кое се ротира 360º на Вашето малечко му нуди различно доживување на секое возење - било да е свртено во правецот на движење или кон  Вас. 

Подоцна кога Вашето малечко ќе потпорасне, отстранете ги заштитната тенда и рачката за туркање и веднаш се претвора во класичен трицикл кој детето самостојно ќе го вози под Ваш надзор. Со тркала направени од EVA пена  и мекото седиште возењето во него ќе биде удобно и сигурно како по асфалтирани патишта, така и по нерамни терени. 

Спецификации:

► Трициклот 435 е наменет за деца на возраст од 12+ месеци па до 5 години

► Основата на трициклот ја сочинуваат цврстата метална конструкција со удобно и меко седиште, како и пластичните делови кои се отпорни на сите атмосферски промени

► Седиштето поседува безбедносен обрач и има можност за ротација 360º

► Тркалата на овој трицикл се од EVA пена што овозможува удобно возење на секаков вид на терени

► Широката тенда е од ленено платно со повеќе степени на преклопување и истата може по потреба да се отстрани

► Трициклот содржи предна корпа и задна корпа за складирање  која се наоѓа под рачката за управување 

► На рачката за управување се наоѓа мини торба за складирање 

► Препорачано максимално оптеретување на производот до 35 кг

► Задните тркала поседуваат кочница

► Елементи кои може да се отстранат се: тендата, безбедносниот обрач, држачите за нозе и рачката за управување

► На предното тркало се наоѓаат педали за самостојно возење

► Трициклот се користи како трицикл со рачка за управување од страна на родител со сите елемнети до 3 години, а после 3 годишна возраст со отстранување на елементите се користи како класичен трицикл кој детето самостојно ќе го управува со помош на педалите  





MasterCard Visa
All rights reserved.
Copyright © 2024 ForKids.MK
Powered by: I.T.