Трицикл за деца Playtime Star II - модел 435 сива
Трициклот 435 е најновиот трицикл на брендот Playtime кој со својот едноставен и префинет дизајн за кратко време го освои пазарот. Со седиштето кое се ротира 360º на Вашето малечко му нуди различно доживување на секое возење - било да е свртено во правецот на движење или кон Вас.
Подоцна кога Вашето малечко ќе потпорасне, отстранете ги заштитната тенда и рачката за туркање и веднаш се претвора во класичен трицикл кој детето самостојно ќе го вози под Ваш надзор. Со тркала направени од EVA пена и мекото седиште возењето во него ќе биде удобно и сигурно како по асфалтирани патишта, така и по нерамни терени.
Спецификации:
► Трициклот 435 е наменет за деца на возраст од 12+ месеци па до 5 години
► Основата на трициклот ја сочинуваат цврстата метална конструкција со удобно и меко седиште, како и пластичните делови кои се отпорни на сите атмосферски промени
► Седиштето поседува безбедносен обрач и има можност за ротација 360º
► Тркалата на овој трицикл се од EVA пена што овозможува удобно возење на секаков вид на терени
► Широката тенда е од ленено платно со повеќе степени на преклопување и истата може по потреба да се отстрани
► Трициклот содржи предна корпа и задна корпа за складирање која се наоѓа под рачката за управување
► На рачката за управување се наоѓа мини торба за складирање
► Препорачано максимално оптеретување на производот до 35 кг
► Задните тркала поседуваат кочница
► Елементи кои може да се отстранат се: тендата, безбедносниот обрач, држачите за нозе и рачката за управување
► На предното тркало се наоѓаат педали за самостојно возење
► Трициклот се користи како трицикл со рачка за управување од страна на родител со сите елемнети до 3 години, а после 3 годишна возраст со отстранување на елементите се користи како класичен трицикл кој детето самостојно ќе го управува со помош на педалите