Туркало џип со рачка - модел 468 црвено

1.990,oo ден

 

Туркалото џип е забавна играчка кај која дизајнот е посветен на деталите, имитирајќи вистински џип со модерен изглед. Овој симпатичен џип има музички волан кој ќе ја зголеми забавата на Вашето малечко. Исто така, содржи и удобна рачка за туркање која овозможува родителот или повозрасните деца да им помогнат на малите возачи во истражувањето на светот околу нив. 

Користејќи ја оваа играчка, детето ги зацврстува мускулите на нозете и стапалата, учи да станува и да се придржува, а на крај ги учи и првите чекори. 

Спецификации: 

► Туркалото џип е наменето за деца на возраст од 10+ месеци па до 3 години

► Трите начини на употреба се резултат на комбинацијата на деловите кои се отстрануваат во зависност од потребите на детето

► Елементи на производот кои се отстрануваат: рачката за туркање, потпирачот за грб, безбедносниот обрач и потпирачот за стапалата

► Во првата фаза се користи со сите елементи, при што родителот го турка детето, а тоа седи заштитено од безбедносниот обрач

► Во следната фаза се отстранува рачката за туркање и потпирачот за стапала, па детето само турка со нозете, но и понатаму заштитено од безбедносниот обрач

► Во третата фаза се отстранува и безбедносниот обрач, па детето може самостојно да се вози дома или внатре

► Музичкиот волан содржи звуци на сирена

► Препорачано оптеретување на производот е до 20 кг

► Димензии на производот: 65*30*30 cm





MasterCard Visa
All rights reserved.
Copyright © 2024 ForKids.MK
Powered by: I.T.